Поради својата тежина која ја носи, настанот успеа да собере на едно место голем број на бизнисмени, новинари, институции, организации, кои заедно со организаторите ги бираат најуспешните мажи во 13 категории, меѓу кои и главната награда „Маж на годината“. Изборот се врши преку гласање на комисијата која ја сочинуваат докажани бизнисмени, стилисти, доктори, професори, музичари и модни критичари, новинари, луѓе кои се докажани во својата дејност и кои имаат кредибилитет во изборот.
Најважната задача во подготвување на оваа манифестација е изборот да биде максимално објективен и кредибилен.