Skip to content

За нас

Организатори

Изборот на Мажи на годината во Македонија е организиран од страна на Friday Communications и gentlmenanmagazine.mk, првиот специјализиран онлајн магазин за мажи, кој постои повеќе од 5 години. Gentlemanmagazine.mk има за цел да ги промовира успесите на македонските мажи, да промовира успешни компании, култура, начин на живот, мода, стил, хедонизам… Gentlemanmagazine.mk генерира вести и приказни од различни теми кои веруваме дека ќе донесат свежина во медиумскиот простор. Преку разни теми, интервјуа, приказни, совети, како и секојдневни содржини од начинот и пристапот кон работата, стилот на облекување, совети за успех, забава, спорт, архитектурата, автомобили, културата, и многу теми кои со сигурност ќе допрат до пошироката јавност.

Изборот на Мажи на годината има за цел да ги препознае и собере најуспешните мажи во Македонија земајќи ги во предвид различните акспекти од бизнисот и животот следејќи ги нивните успеси како на личен, така и на професионален план. Сакаме да ги наградиме навистина оние кои оставиле белег во нашето општество преку нивните достугнувања.

Нашата визија е да ги инспирираме луѓето да бидат најдобра верзија од самите себе. Да се стремат кон подобри резултати и да бидат позитивен пример во општеството во различни аспекти од животот.

Нашата мисија е да ги препознаме и прославиме најуспешните мажи во Македонија во различни категории.

Play Video