Skip to content

За изборот

Изборот на Мажи на годината во Македонија е прв официјален избор кој се одржа во 2018 година со цел да ги препознае најуспешните мажи кај нас. Целта е овој настан да прерасне во традиција и да биде вистински показател на успешните мажи кај нас.

Изборот е во организација на првиот онлајн магазин за мажи кај нас gentlemanmagazine.mk.

Изборот на Мажи на годината е поддржан од голем број на медиуми кои се покровители на настанот. Настанот исто така е подржан и од реномирани и истакнати компании од различни сектори.

Настанот поради својата тежина која ја носи успеа да ги собере на едно место голем број на бизнисмени, новинари, институции, организации кои заедно со организаторите го бираат најуспешниот маж во 13 категории од кој едната е за Маж на годината.

Изборот се врши преку гласање на комисијата која е сочинета од докажани бизнисмени, претставници од реалниот сектор, институции, стилисти и модни критичари, новинари, луѓе кои се докажано во својата дејност и кои имаат кредибилитет во изборот.

Жири комисијата брои 25 членови во сите 13 категории.

Категории

Колку звучи моќно да се биде најдобар помеѓу најдобрите. Да се биде успешен на личен и професионален план, да се биде маж кој допринесува за општеството, да се биде маж кој секогаш води грижа за себе, и да се биде маж кој вложува и инвестира постојано. Оваа награда е за маж во чие делување и однесување се обединети сите вредности од различните категории, како и сите оние вредности за кои се залагаме.

Оваа категорија е за оние мажи кои оставиле перманетни или трајни вредности во животот. Мажи на кои секој треба да се угледа, мажи кои направиле многу како за себе, така и за општеството.

Оваа категорија претставува посебна бидејќи се доделува на оние кои придонеле најмногу во општеството. Да се направи нешто за општеството кое сите ќе го почитуваат и ценат е навистина предизвик за секој од нас. Оваа награда има за цел да ги поттикне сите оние кои прават и делуваат во разни секотри со цел да придонесат кон подобрување на секојдневното живеење.

Награда направена за сите менаџери на компании, институции, или пак владини преставници кои навистина умешно го градат имиџот за себе и за институцијата или компанијата која ја преставуваат Оваа награда признава лидер во секоја смисла на зборот. Оној кој инспирира, оној чија извонредна визија ја подигнува компанијата на сосема ново ниво на успех - било да е тоа зголемување на продажбата, освојување на нови пазари или имплементација на иновативни идеи – неговите резултати се навистина исклучителни.

Оваа награда претставува признание на сите странски менаџери кои работат и творат во Македонија.. Предизвикот да се биде далеку од дома, а сепак да се инвестира во државата каде работите е за секоја почит.

Ова е категорија создадена за млади мажи менаџери помлади од 30 години кои пленат со смелост, амбиција и претприемачки дух. Да се биде млад и успешен во нашето општество е мотив за сите.

Наградата која ја доделува македонската јавност. Наградата за Маж на годината во избор на социјални медиуми. Да се биде успешен и препознаен во јавноста е навистина мотив за секого. Сето она кое што го правиме да биде преознаено од јавноста.

Придонесот во културата е значаен придонес во општеството, и заслужува голема благодарност. Филм, театар, музика, уметност, да се биде успешен во овој сегмент е навистина голем. Успехот на уметниците е успех за Македонија насекаде во светот.

Придонес во спортот е значаен придонес за сите нас, и носи големи радости за сите нас. Успехот во спортот е успех на Македонија и заслужува да биде дел од посебни почести. Вистински мотив за младите е кога ќе го видат својот идол како носи радост за сите нас. Ова е награда која е за победник на, и надвор од терените.

Да се изгледа добро е особина на оние најголемите луѓе. Тоа ја дава целината, односно финесата за вистинските иџентлмени и успешни мажи. Да се биде секогаш на ниво, е нешто што секој треба да го практикува. Оваа награда ќе го препознае мажот кој навистина води грижа за себе си. Личност која инспирира со чувството за стил

Хедонизмот е цела филозофија. Хедонизмот често пати е поврзан со луксуз, што не мора да значи дека е така. Хедонизмот е состојба на духот, можеш да станеш рано наутро и да уживаш во изгрејсонце пиејќи кафе радувајки се на новиот ден.

Оваа награда ги идентификува извонредните млади директори и претприемачи во општеството, визионери и бизнисмени кои го менуваат начинот на кој се прават работите.

Награда која ја доделува Gentlemanmagazine.mk првиот онлај магазин за мажи во Македонија кои неуморно работат на поттикнување на машката култура во Македонија.

Play Video